Под насловод "Помеѓу" во Белград на меѓународниот фестивал Миксер во периодот 25. - 28. мај ќе биде претставена изложбата на македонски дизајн. "Помеѓу", е изложба на дизајн производи произведени од страна на 6 млади македонски брендови во период 2016 - 2017година.
Македонските дизајн брендови, We and Nature, Rinocca, Преплет студио, Кире Стојоски, Марија Рашковиќ и Евгенија Зафировска, застапувани од страна на дизајн центарот Јавна соба ќе се претстават на 5 регионални дизајн фестивали и саеми во период мај – ноември, 2017, а Белград е традиционално прва наша дестинација.
Македонскиот дизајн на производ е редовно застапен на меѓународната сцена преку патувачки изложби организирани од страна на дизајн центарот Јавна соба. Оваа соработка иницирана од страна на два клучни регионални актери (Јавна соба и Мисер) датира од пред 8 години. Дизајн организациите го насочуваат своето работење кон подигнување на нивото на соработка во регионот, а на тој начин го афирмираат националниот во рамки на балканскиот дизајн како препознатлив бренд во пошироки рамки.
Регионалната размена е од исклучително значење за национален и индивидуален развој на дизајн секторот во самите земји. Докажано е дека регионалната размена стимулира зголемување на продуктивност кај дизaјнерите, но и го подигнува нивото на свест кај публика и креира здрав и свесен конзумеристички пристап кон дизајн производите, кое е многу значајно за опстојување на локалните брендови. Клучниот момент за оваа размена во Македонија е фестивалот Skopje Design Week, кој ова година ќе се реализира во период 22.- 25. ноември. Земја во фокус оваа година е Унгарија.