Мариналеда - град во кој сите сакаат да живеат

17 август 2016

Мариналеда е град во Андалузија, на југот од Шпанија, каде на површина од 25 километри квадратни живеат околу 2.700 жители.

Нема блескави билборди и светлечки реклами, но има улична уметноста во форма на графити и мурали полни со пораки за подршка и солидарност на земјите како што се Венецуела и Куба. Улиците ги носат имињата на славните борци за работнички права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Другиот дел од Шпанија се бори олигархија и странски банки кои го преземаат пазарот. Во ова гратче демократските одлуки се носат на неделни состаноци на кои присуствуваат околу 300 до 400 луѓе. Во Мариналеда нема невработени. Веќе постои листа на чекање за да се вселиш во овој град и се чека две години. Изградени се 350 куќи, а во следните две се очекува да се изградат уште 250.

Просечна месечна плата за вработените изнесува 1.200 евра. Можеби и не е многу, но имајќи го предвид фактот што цената на враќање на долгот во однос на финансирање за куќа изнесува  15 евра, со тој износ на плата се живее сосема пристојно. Градот обезбедува и бесплатен интернет, два фудбалски терени, терен за кошарка, тенис, сквош, одбојка и базен. Сите овие терени се бесплатни и на располагање на жителите освен за базенот за кој се плаќа годишна чланарина.

Во овој град луѓето сами си ги градат куќи, еден од нив е Давид Гонзалес Молина. После две години поминати како регистриран граѓанин на Мариналеда, од локалните власти добива материјал потребен за изградба на куќа, а откако ќе ја изгради ќе почне да плаќа по 15 евра месечно и на тој начин ќе се рефундираат трошоците на искористениот материјал.

Исто така, управата на овој град испраќа професионални тимови на градежништво, градежни инженери и архитекти кои помагаат во изградбата. Куќите не може да се продадат и на тој начин се спречува можноста за профитирање. Еднаш месечно во градот се одбележува таканаречена „Црвена недела“ кога секој може да се произнесе за подобра идеја како градот да изгледа подобро и поубаво. Доколку се прифати идејата ,тогаш волонтерите ја завршуваат работата. Се вршат поправки на куќи, чистење на улици.

Градот има и своја сопствена телевизија. Полиција не постои, затоа што не им треба. Велат дека се доволно самосвесни за коегзистенција и не им треба дополнителна контрола.

Објавено:
17 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.958 пати