Нашите рокенрол магионичари Мугер Фугер се едни од ретките македонски алтернативни бендови што константно издаваат албуми. Во нивната „експериментална" кујна, за сите уживатели на квалитетна музика подготвија нов специјалитет, 10-ти по ред, јубилеен албум чија концертна промоција е закажана за утре (23-ти мај) на платото пред МКЦ со почеток во 21 часот.
„Татко" содржи 10 песни, а е сниман и миксан во студиото „Тра Ла Ла" под продуцентската палка на Мите Димовски.
Новиот албум може да се набави на концертот, а влезот е слободен.
Сецко Сеад Хаџиќ - гитара, мандочело
Огнен Мангаровски - синтисајзер, пијано ,бас гитара, гитара
Сашо Митревски - гитара
Никола Кузмановски - бас гитара
Огнен Златанов - гитара
Џано Куч - тапани и перкусии
Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов ,Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини, Џабир Дерала - вокали
Фото: Мугер Фугер