Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“ со „Гала оперски концерт“ на 15.7.2019 со почеток во 21 часот, во предворието на црквата Св. Софија - Охрид.
Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на НОБ под диригентска палка на Бисера Чадловска, концерт мајстор е Климент Тодорски.
На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Националната опера и балет. Впрочем, првиот настан на „Охридско лето“ на 4 август во далечната 1961 год. е солистичкиот концерт на нашата оперска Примадона Aна Липша - Тофовиќ - мецосопран.
Тој податок кажува доволно за посветеноста и респектот што ансамблите на Националната Опера и Балет го имаат кон фестивалот „Охридско лето“.