Најскапата серија на Нетфликс...

29 септември 2016

Објавен е првиот официјален трејлер за оригиналната серија во продукција на Нетфликс, која ги следи првите години на владеењето на кралицата Елизабета. 

Драмата „The Crown“ на Нетфликс се очекува да почне со емитување во ноември, а веќе наголемо се „шушка“ дека ќе ги освои сите награди на следните Еми 2017. Во серијата се вложени 156 милиони долари и сите се сложуваат - ова е најскапата серија на Нетфликс. 

Главните улоги ги толкуваат Клер Фој и Мат Смит, автор на серијата е Питер Морган, најпознат во филмскиот свет по филмот „Кралица“ за кој Хелен Милер освои Оскар. 

Дејствието започнува во 1947 година, пет години пред кралицата да биде крунисана. Првата сезона има десет епизоди, а во истите ќе се прикаже нејзината венчавка, смртта на кралот Џорџ шести и нејзиното искуство како 25 годишна кралица после Втората светска војна. 

Планот на Нетфликс е да сними вкупно шест сезони, а секоја сезона би покривала десет години од владеењето, а сите се надеваат дека во некоја од епизодите ќе се појави приказна и за принцезата Дијана. 

Во продолжение, погледнете го трејлерот.

 

Објавено:
29 септември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.275 пати