Париз покрај сите културни знаменитости, за време на новогодишниот период има уште една сезонска атракција.
Се работи за новогодишната елка лоцирана во трговскот центар „Galeries Lafayette", која е препознаена како најубавото новогодишно дрво во Европа.
А има и зошто е тоа така.
Традицијата на украсување на новогодишната елка централно поставена во оваа стоковна куќа, постои уште од 1976 година и секоја сезона е украсена тематски, со различна приказна, но подеднакво воодушевувачки.
Целиот празничен амбиент дополнително атрактивен го прави сензационалната стаклена купола која е дизајнирана во нео-византиски стил и е висока 43 метри.
Тема на годинешниот декор на елката е кошница, а на самиот врв е поставена фигура која ја симболизира кралицата на пчелите. Истата тематика ја следи останатиот празничен декор во стоковната куќа.
Инфлуенсерите веќе имаат фотографии со фамозната елка на своите профили на Инстаграм!
Фото: Инстаграм