Насловни страни на „Вог“ добија своја илустрирана верзија од Зоран Кардула

8 октомври 2020

Магазинот „Вог“ се најде како инспирација за нашиот уметник Зоран Кардула. Тој на социјалните мрежи спорели циклус илустрации од веќе објавени насловни страни од различни изданија на познатиот магазин, насловен како „Жените на Вог“

Кардула направи негова реплика, на која жените се претставени без очи. Едно од можните толкувања е дека секоја жена би можела да се најде на ваква насловна и да биде инспирација некому, но уште повеќе, секоја од овие фотографии може да се толкува како уметничко дело. Ако се водиме по тоа дека убавината е во око на набљудувачот, тогаш секој од нас би имал своја интерпретација на тоа што го гледа пред себе.

Секој од нас носи приказна, испреплетена од подеми, падови, искуства и грешки. Секоја жена поседува убавина, за која некогаш е свесна, некогаш не.

На некои од оригиналните насловни страни се жени кои оставиле белег во минатото, или пак ја испишуваат сегашноста. Некои од насловните страни сведочат за позицијата на жената, за нејзините соништа, желби, амбиции.

Во продолжение погледнете ги оригиналите и илустрациите на Зоран Кардула, кои се навистина фантастични, па за нас, на моменти и подобри од оригиналите.

Секоја од овие илустрации е достапна и како принт, кој можете да си го врамите. Повеќе можете да видите тука и тука.

Vogue avgust 1949

Наоми Кембел, Vogue Brazil February 2006

Клер Фој, Vogue UK November 2017

Vogue July 1939

Анок Јаи, Vogue Japan September 2019

Били Ајлиш, Vogue Vogue March 2020

Карли Клос, Vogue Spain December 2019

Vogue May1945

Марија Боргес - Vogue Portugal, October 2017

Фрида Кало ' Vogue Mexico, November 2012

 

Објавено:
8 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
283 пати
Тагови: 
Зоран Кардула