Нина Симовска прашува: "Is there Anybody out there?"

18 декември 2015

"Is there Anybody out there?" е името на третата самостојна изложба на Нина Симовска, која ќе се одржи во понеделник во „Концепт 37“.

Инспирирана и создадена под влијание на музиката и дел од текстовите на култните Pink Floyd, оваа изложбата претставува сопствен, моќен и индивидуален одраз на длабоки емоции со кои авторката се идентификува.

На изложбата ќе бидат претставени дваесетина дела, доволно мрачни, а полни со љубов, што формираат опус кој зрачи со оптимизам за подобро денес и поставувајќи прашања во потрага по нешто надвор, нешто поголемо и подлабоко, интимно и тивко.

Изложбата ќе биде официјално отворена од 21 часот и ќе биде од продажен карактер.

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
251 пати