Премиера на филм

Новата Лара Крофт

21 септември 2017

Warner Bros на својот Јутјуб канал го објави трејлерот за новото продолжение од филмот "Tomb Raider" новата приказна за Лара Крофт.

Сигурно ја паметите Анџелина Џоли во оваа улога, но сега шведската актерка со импозантно холивудско портфолио ја игра насловната улога, талентираната Алисија Викандер. Само за потсетување таа е добитничка на Оскар за улогата на Герда во филмот „Девојката од Данска“. Премиерата на филмот се очекува да биде на 15ти март 2018 година.

Погледнете го трејлерот !

Објавено:
21 септември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
182 пати