Новогодишната претстава на децата од „11 Октомври“ со силна порака

30 декември 2015

Вчера дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври' во Скопје, ја одржаа својата традиционална новогодишна претстава која беше спој на детски желби, нови надежи, нивните искрени насмевки, но и вистински таленти. Пораката што ја испратија преку својот празничен перформанс нè потсети на сите суштински човечки вредности и љубовта како нивен заеднички именител.

Секако, новогодишната програма кулминираше со посетата на Дедо Мраз кој ги изненади децата со бројни подароци што барем на момент им ги исполнија срцата.

Модната куќа Елена Лука, која важи за голем пријател на децата од домот, и годинава ја продолжи својата традиција и дечињата ги изненади со новогодишни подароци, а за возврат доби незаменливи детски насмевки и благодарница од децата и вработените.

Во продолжение преку фотографија ви пренесуваме дел од празничната програма.

 

Објавено:
30 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
154 пати