Одбројувањето започна: Еве кога ќе го гледаме продолжението на „Сексот и градот“

8 октомври 2021

Откога е потврдена веста дека ќе има продолжение на „Сексот и градот“, па досега, интересот за серијата не е намален.

Веќе знаеме кого ќе го гледаме во новите десет епизоди, а кого не. И покрај тоа што актерската екипа ветува, сепак голем број од фановите не можат да „прежалат“ што ја нема Ким Картал, односно Саманта, и веруваат дека без неа продолжението нема да биде полн погодок.

Но, останува да видиме дали навистина ќе биде така, а ќе видиме во декември. 

Од „HBO Max“ објавија тизер во кој пишува дека последниот месец од годината е тој кога ќе се случи премиерата.

Со оглед на тоа дека дотогаш има неполни два месеца, може да речеме дека одбројувањето започна.

 

 

 

Објавено:
8 октомври 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
763 пати