Онлајн промоција на новиот број и дискусија „Лице в лице со новата Земја-соочување“

22 јуни 2020

Преку интерактивна онлајн средба насловена Лице в лице со новата Земја -  соочување“, на која ќе се разговара за можните сценарија на развој на нашето опкружување, и светот воопшто, по соочувањето со пандемијата, на локално и глобално ниво, утре, 23 јуни (вторник), ќе биде промовиран 40. број на списанието за одржлив развој, „Лице в лице“.

Настанот ќе биде од отворен карактер, и ќе се одвива во терминот од 15 до 17 часот, на платформата „Zoom“, по направена регистрација на линкот.

„Светот е сведок на момент на пауза, од кој можно е да се почне одново. Глобални настани, како почеток или крај на долга војна, државен преврат или природна непогода, се моменти во човечката историја што можат јасно да укажат дека претходната фаза во општествениот или економски развој завршува, а почнува нова.

Токму затоа, наша цел, преку овој настан да соочиме повеќе ставови за иднината со цел да ја кокреираме онаква каква што ја посакуваме. 

Наша цел преку овој настан е да се инспирираме од повеќе ставови за иднината со цел да ја кокреираме онаква каква што ја посакуваме. Гости говорници се Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, Олга Рајчиќ, ко-основачка на мобилната апликација „Челинџер“, Сергеј Георгиев, режисер на документарниот филм „Виа Динарика“, млади луѓе кои имаат поинаков светоглед, кои креираат, се движат, иновираат, кои влијаат на нашето заедничко, подобро „утре“. На нивната перспектива, преку интерактивна сесија, ќе се надоврзе и публиката.

Подготовката на најновиот број на „Лице в лице“  беше преиспитување и отворање, раѓање на нов поглед, а беше и период кога повеќе од кога било нè задвижи обединувачка енергија, која здружи визионери, граѓани, активисти, бизнисмени, професори, министри, директори на институции, на здруженија на граѓани, во развивањето нова визија за посакуваното општество, но и за посакуваната планета со која е неопходно да живееме во хармонија, споделува Климентина Илијевски, извршна дирекорка на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“ (издавач на „Лице в лице“), и главна уредничка на списанието.
- Во коренот на промената по која трагаме, а која ќе донесе економска и социјална еднаквост, враќање кон природата, свртување кон другиот и кон исконскиот себе, се наоѓа освестување за тоа дека е можен поинаков општествен систем. Тој од нас бара информираност за нови можни економски и општествени модели, но бара и ангажман за овозможување услови за да се случи промената- вели Илијевски.

Специјално за ова патување,  театарската група „Пресврт“, подготви и видео нарација насловена „Рестарт“, која ќе биде прикажана премиерно, а чија цел е доближување на суштинските ставови на значајни светски имиња во поглед на насоката во која допрва ќе се движи светот“, се вели во соопштението.



Најновото 40-то издание на „Лице в лице“, посветено на бизнисите, лидерството, на институциите и на граѓаните од иднината, носи и содржини кои се врзани за многу иницијативи кои се појавија како резултат на лошите ефекти на Ковид 19, понатаму написи за важноста од поттикот на руралниот развој и социјалната економија, за потребите од нов модел на образование, и уште многу други четива на драги соработници.
Дизајнот на насловната страница е дело на Зоран Инадески, а на другиот кавер се наоѓаат продавачите на „Лице в лице“ - Тунан, Бајрам, Армандо и Валентин, додека фотографија ја направи Томислав Георгиев:

„Булката ја гледаме како симбол на хероите, а нејзината боја и упорност ни даваат надеж дека секој од нас ќе живее во подобро утре. Наши херои сте сите вие што бевте и сте тука со нас! Благодариме што читате „Лице в лице“!

Лице в лице со новата Земја – соочување
23.06.2020, 15 часот, на „Зум"

Агенда

#40 ! What's in it for you?
15.00 – 15.10 #40 Зошто сме тука?
воведен збор за настанот Климентина Илијевски, извршна
директорка на „Паблик" и главна уредничка на „Лице в лице" Претставник УНОПС (TBC)

 

Collective Intelligence run-through
15.10 – 15.25

15.25 – 15.40

Поглед кон нашата колективна интелигенција
интерактивна сесија со публиката

интерактивна сесија со гости-говорници
Тамара Котевска, ко-режисерка на „Медена земја" Олга Рајчиќ, ко-основачка на „Челинџер"
Сергеј Георгиев, режисер на „Виа Динарика"

 

Модератор: Небојша Илијевски

 

15.40 – 15.50 „Рестарт"
премиера на видео нарација на Здружението за афирмација на
театарска уметност „Пресврт"

Collective Intelligence run-through

15.50 – 16.00 Поглед кон нашата колективна интелигенција
интерактивна сесија со учесниците и публиката

16.00 – 16.10 Форум на размисли од лидерските позиции
„Декатлон"/ Шкотска влада/ засегнати страни од земјава – видеа од
круговите за кокреирање нова реалност

16.10 – 16.20 Hello! - поздрав од продавачите на „Лице в лице" од карантин

 

*Настанот ќе биде фото и видео документиран, а фотографиите и видеата ќе бидат објавени на социјалните мрежи и на веб страницата на „Лице в лице". Доколку не сакате да бидете, снимани/фотографирани, ве молиме известете го организаторот

Објавено:
22 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
97 пати