Онлајн репертоарот на „Театар Комедија“ за оваа недела

2 април 2020

Голем е интересот за следење на културни содржини онлајн, но посебно на претставите. „Театар Комедија“ го објави репертоарот за оваа недела.

Утре, со почеток од 20 часот на нивниот „Јутјуб канал“ ќе се прикажува претставата „Многу врева за ништо“.

Но, в сабота во истиот термин, публиката ја очекува премиера на документарниот филм за актерката Анче Џамбазова, нешто што не треба да се пропушти.

Имено,„ Театар Комедија“ заедно со Општина Аеродром го реализираат во континуитет Фестивалот на комедијата ,,Гола месечина". На последното издание на Фестивалот (септември 2019) за прв пат беше воведена и наградата за животно дело ,,Анче Џамбазова", во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. Управата на театарот и Општина Аеродром, донесоа одлука да биде снимен и документарен филм за Анче Џамбазова, кој имаше своја премиера во рамките на ,,Гола месечина 2019".

Челните луѓе на театарот и општината одлучија документарниот филм да има и своја онлајн премиера, со што ќе биде достапен за пошироката јавност.

Линк - Јутјуб „Театар Комедија“

 

Објавено:
2 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
567 пати