Љубителите на операта в петок ќе можат да уживаат во претставата „Евгениј Онегин“.
Се работи за жестока претстава за љубовта и страдањето. Eпска димензија на вечната потрага по љубовта, но и на вечниот круг на страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски... Работена е според поемата на најголемиот руски поет и основачот на модерната руска литература Александар С. Пушкин и музика од Петар Илич Чајковски, во режија на Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костомографија Марија Пупучевска, кореографија Олга Панго.
Диригент: Иван Еминовиќ
НАСТАПУВААТ:
Ларина: Марика Поповиќ, Татјана: Сандра Митровска, Олга: Николина Јаневска, Филипјевна: Соња Пендовска Мадевска, Ленски: Дарко Нешовски, Евгениј Онегин: Борис Трајанов, Принц (Кнез) Гремин: Евгениј Станимиров (Бугарија), Капетан: Диме Петров, Зарецки: Борко Биџовски, хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Национална опера и балет.