Осми април е за Вивиен Вествуд

8 април 2023

На денешен ден, осми април, е родена Вивиен Вествуд. За генијалната модна дизајнерка, која вистински го живееше панкот сме кажале многу, но секогаш има уште.

Вествуд си замина од овој свет во декември минатата година, но она што го остави зад себе ќе живее долго.

Освен што даде маестрален придонес во модата, таа умееше да даде мудар совет, остра критика и да биде целосно своја ослободена од секакви општествени стеги.

Денес, во нејзина чест ви пренесуваме дел од нејзините зборови, онака како што само таа знаеше да каже.

Купувајте помалку, одберете паметно и сами одлучете.

На младите им треба дисциплина и полни полици со книги.

Интелигенцијата е комбинација на имагинација, интуиција, работи што не се поврзани со разумот.

Не сум премногу заинтересирана за убавината. Она што ме интригира е личност која добро се познава себе си.

Модата го прави животот поубав и мислам дека е навистина добро кога креираме за луѓето.

Квалиетет, не квантитет. Тоа е најдоброто што можеш да го сториш за почиста средина.

Културата е од суштинско значење за еволуција на луѓето во подобри суштества.

Мојата цел е да направам сиромашните да изгледаат богато, а богатите сиромашно.

Јас дизајнирам парчиња со надеж дека ќе им помогнам на луѓето да го изразат својот карактер.

Ме прашаа што веднаш би забранила доколку можам. Рекламирањето.

Наместо да купите шест работи, купете една што навистина ви се допаѓа. Не купувајте само за да купите. 

Објавено:
8 април 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
95 пати