Ова е најубавата кафе-книжарница во светот за 2023 година – се наоѓа во Истанбул

8 мај 2023

MINOA е називот на најубавата кафе-книжарница во светот за 2023 година, признание кое секоја година го доделува Лондонскиот саем на книга - најголемиот релевантен настан во светот на книгата и издаваштвото.
Ова бајковите место во кое царуваат книгите, се наоѓа во Истанбул, лоцирано во населбата Akaretler.

Рај за љубителите на книга, сместен во пријатна и топла атмосфера, со на моменти ориентален шмек.
Основните критеруми кои жирито ги зема предвид при доделувањето на оваа ласкава титула, се однесуваат на услугата, познавањата од областа на книгите на вработените, атмосферата во продавницата, имагинацијата, иновацијата, стилот, а исто така и настаните што се одржуваат – а очигледно оваа книжарница ги исполнувала сите услови на највисоко ниво.

Основана е во 2014 година и располага со фантастични 45.000 наслови, како на турски така и на англиски јазик. Книгите кои се во нејзината понуда ги опфаќаат буквално сите области, од литература и фотографија, до графички дизајн, готвење и стрипови.

Ѕирнете во нејзиниот магичен свет низ фотографиите во продолжение.

Објавено:
8 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.465 пати