Овој ресторан е мала зимска идила со прекрасен поглед на ски патека

6 февруари 2023

Зимата само што се покажа на дело, а по сè изгледа допрва ќе видиме што ни подготвува. Затоа ние пронајдовме едно вистинско зимско, снежно и пријатно место, каде освен што ќе можете да се почестите со топло кафе или чоколадо, ќе можете да уживате во прекрасна глетка на ски патека.

Планината секогаш е број еден избор кога станува збор за зимска оддишка, а овој пат ве носиме на Бјелашница, планина во централниот дел на Босна и Херцеговина, југоисточно од Сараево.

На Инстаграм наидовме на прекрасни фотографии од ресторанче со името Staza, кое што се наоѓа покрај скијачка патека, токму на оваа планина, и нуди прекрасен поглед.

Целото место изгледа како вистинска зимска идила и е идеално за оние кои сакаат да се одморат со топол напиток, после скијање или уживање во било каква активност на снег.

 

Фото: Instagram

Објавено:
6 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
171 пати
Тагови: 
зимска идила