Медитеранскиот шарм и прекрасната стара камена архитектура се само две причини поради кои хрватскиот остров Корчула се смета за вистински бисер во Јадранското море.
Капејќи се во длабокото сино море, Корчула привлекува туристи од целиот свет со своите вошебни пејсажи, како и атрактивни локации за едукација и забава, вклучувајќи ги музеите, шармантните ресторани и барови, и вибрантниот ноќен живот. Островот е еднакво привлечен за младите, како и за оние во подоцнежните години од својот живот кои се во потрага по мир и релаксација.
View this post on Instagram
Претпоставуваме дека веќе сте на пат да ги спакувате куферите, па затоа во прилог подготвивме листа на петте најволшебни локации што ќе ви помогнат комплетно да се вљубите во островот Корчула.
Стариот град
Невозможно е да го посетите овој стров, а да го исклучите Стариот Град од агендата. Па затоа, одвојте време за пешачка или велосипедска тура преку која ќе можете да ја истражите богатата историја на градот, како и бројните знаменитости. На оваа листа ќе се најде и куќата на Марко Поло.
View this post on Instagram
Лабања
Љубителите на вкусна и автентична храна ќе го најдат тоа што го бараат во ресторанот и барот сместени на Корчула Хилс. Овој локал нема да ве разочара со своето богато мени, како и одичниот дизајн, и симпатичните дрвени и плетени лулашки што прават идеална позадина за вашите Инстаграм фотки.
View this post on Instagram
Плажа Пупнатаска Лука
На петнаесет километри од градот Корчула, оваа плажа е позната меѓу локалното население како една од најубавите на островот. Во последно време, оваа плажа стана многу привлечна за бројни туристи, па ако планирате посета, ви советуваме да побарате место уште во раните часови.
View this post on Instagram
Плажа Пржина
Песочната плажа Пржина е идеална за летување со вашето семејство, особено доколу имате мали деца. Сместена во близина на Лумбарда, оваа плажа е вистински извор на летна забава и за децата и за возрасните.
View this post on Instagram
Плажа Моро на островот Ступа
Лоцирана недалеку од Корчула, оваа плажа на островот Ступа нуди уникатен гастрономски избор, како и палета на освежителни пијалоци. Плажата Моро е совршено место доколку сакате да се релаксирате и да уживате во сончевиот ден.
View this post on Instagram