Петар Грашо во декември во Македонска филхармонија!

4 октомври 2019

Хрватската ѕвезда Петар Грашо во декември месец доаѓа во Скопје, каде што ќе одржи два ексклузивни концерти.

„Авалон продукција“ е организатор на концертот, а денеска ги соопштија и деталите:

„Иако насекаде во регонот Петар Грашо настапува во најголемите постоечки сали, ние сепак се одлучивме да направиме два ексклузивни и интимни концерти, во најубавиот простор во Скопје, Македонската Филхармонија.

Концертите ќе се одржат на 13-ти и 14-ти декември со почеток во 20 часот, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 7-ми октомври во 09 часот наутро по цена од 1.500 денари, како и лимитиран број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари.

Ова е навистина уникатна можност, човекот кој ги има испеано хитовите „Ako te pitaju", „Moje zlato", „Utorak", „Ko nam brani" и уште многу други, и во моментов претставува хрватска институција, да го видите во интимен амбиент во Скопје“, се вели во соопштението.

 

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
889 пати