По тој повод, студиото Варнер Брос реши да сними документарен филм. Иако Кидман и Круз потпишаа шест месечен договор за снимање на филмот, сепак целиот проект траеше две години и има влезено во Гинисовата книга на рекорди за најдолго снимање на филм. Актерите не сакаа да зборуваат за самото снимање на филмот бидејќи Кјубрик бил перфекционист кој сакал секој детаљ да испадне совршено.
Тоа се докажува преку сцената со Том Круз и Сидни Полак која била снимана цели три седмици, со повторување 200 пати. Маските од сцената со оргијата се закачени на ѕидот во домот на режисерот и со тоа се потврдува всушност колку таа сцена му била важна. Документарниот филм за снимањето на „Очи широко затворени“, во кој ќе може да се видат нецензурирани сцени од снимањето на оргијата, ќе може да се најде во продажба кон крајот на годината.