Декември во Љубљана е магичен. Питомоста на овој историски град, неговата ненаметлива убавина, сплетот на модерната и ренесансната архитектура, блескаат во посебен сјај за време на празниците.
Словенската престолнина важи за една од најатрактивните локации во Европа во новогодишниот период, со оглед на тоа дека се посветува особено внимание на празничното декорирање на градот со акцент на светлечките инсталации со различна тематика, што секоја година ја надополнуваат неговата бајковитост.
Особено популарен е божиќниот базар што наликува на разгледница во која се сместени дрвените куќички што ќе ви понудат различни вкусови и мириси, рачно изработени декорации, божиќни картички и новогодишни честитки што ќе ве потсетат рачно да напишете новогодишна желба до вашите најблиски.
Уличните артисти и програмата богата со настани на отворено, ги анмираат случајните минувачи и публиката, па дури и кога немате идеја и план што да правите, на агендата секогаш ќе се појави по некој музички концерт или артистично шоу што квалитетно ќе го пополни вашето слободно време.
Доколку имате можност и желба, Љубљана е одличен избор за дестинација каде би можеле да ги поминете празниците.
Фото: Инстаграм @visitljubljana
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram