Почина актерот Митко Апостоловски

5 август 2022

Во 67-та година од животот денеска почина познатиот македонски актер Митко Апостоловски, доајен на македонското глумиште.
Митко С. Апостоловски е роден во Битола во 1955 година, а дипломирал на Вишата музичка школа во Скопје, Отсек за драмски глумци.


Апостол0вски работи во Народниот театар во Битола работи (1973 – 1974) и во Народниот театар во Куманово (1980 – 1995). Од 1995 година е повторно е член на ансамблот во Народниот театар во Битола.
Театарската публика ќе го памети по неговите маестрални улоги: Фезлиев ("Црнила"), Војдан ("Тетовирани души се враќаат дома"), Креонт ("Медеја"), Дидро ("Развратникот")...
Беше дел од актерската екипа и на познатите ТВ серии: "Наши години", "Илинден", "Белото циганче", "Тврдокорни"...


Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски улоги vo:"Бог да ги убие шпионите", "Заборавени", "Големата вода", "Трето полувреме", "До балчак", "Последниот македонец" и други.
Неговите пријатели, соработници и колеги се простуваат од него со емотивни пораки на социјалните мрежи...

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
828 пати