„Авалон продукција“ го најавија доаѓањето на ѕвездата на електронската музика - Тиесто. Концертот е закажан за 16 јуни на стадионот на АРМ, за кој велат дека ќе биде ексклузивен, особено ако се земе предвид дека последниве две години настапува или во Америка или само на големи фестивали какви што се Ultra Music и Tomorrowland.
„Мораме да признаеме дека за да го релизираме ова гостување ги искористивме емоциите на ТIESTO и Скопје коишто беа видливо искажани на неговите два настапа во наша организација пред околу 15 години, кога електронската музика не беше ни приближно популарна и масовно прифатена како што е сега.
На светската музичка сцена TIESTO важи за многу повеќе од диџеј и продуцент, статус што го заслужи уривајќи ги сите рекорди за секое негово издание. TIESTO е единствениот артист кој гордо и заслужено во последниве неколку години ги носи титулите, „The Pope of EDM“ и „The greatest DJ of all time“, според магазинот Mixmag, „No. 1 DJ“ според магазинот Rolling Stone и „The Godfather of EDM“ според Billboard.
Се разбира дека настапот на TIESTO ќе биде проследен со светска продукција, звук и светло и се разбира дека сме горди што македонската и регионалната публика ќе уживаат во многуте негови хитови, меѓу кои и: „The Business“, „The Motto“, „Don`t be shy“, „BOOM“, „Ritual“, „Secrets“ и уште многу други“, велат од продукцијата.
Влезниците за овој ексклузивен настан кој ќе биде со ограничен капацитет ќе бидат пуштени во продажба од утре, 18-ти февруари во 09 часот наутро преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по следниве цени и категории:
ПАРТЕР: 1.500 денари
ФАН ПИТ: 2.000 денари (само 1.000 влезници во продажба)
ВИП: 3.000 денари (само 300 влезници)
Now, let`s get down to business!