Попреченоста е само прашање на перцепција – детски работилници и културни настани на неделната агенда во „Амбрела“

16 април 2019

Со цел зголемување на свеста кај целокупната популација и намлување на јазот и бариерите кои постојат во општеството меѓу лицата со попреченост и останатата популација, тргнавме од идејата дека Попреченоста е само прашање на перцепција.

За таа цел организираме неколку настани оваа недела – ни најавуваат од урбаното градско кафуле „Амбрела".

Во продолжение ви ја посочуваме нивната неделна агенда која вклучува бројни активности.

-Бесплатна работилница на тема Позитивна психологија – Колку ни е потребно за среќа?

Единствен начин да го промените својот својот живот, е ако поченете да ги менувате активностите кои ги правите секој ден. Тајната на успехот започнува сега. John C. Maxwell
Ве чекаме во среда, 17.04 во 17.30 заедно да дискутираме на тема - Колку ни е потребно за среќа?

https://www.facebook.com/events/440419506708203/

-Во организација на Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром - ВО МОЈОТ СВЕТ, на 18 април 2019 г. од 19:00 – 21:00 часот, во ресторан Umbrella (ГТЦ), ќе биде промовирана поетската збирка ВО МОЈОТ СВЕТ, чиј автор е Валентина Попоска, мајка на Симона Попоска, на која и е дијагностициран аутизам.

Рецензент и промотор на поетската збирка е поетесата м-р Анита Бошкова.
Музичкиот дел од програмата ќе го збогати нашата естрадна уметничка Сузана Турунџиева, на пијано, како и студенти од Музичката академија на професор Дарко Багески, на гитара.
Издавањето на збирката ВО МОЈОТ СВЕТ е во рамките на повеќегодишната кампањата на Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ – ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ, чија цел е подигнување на свеста за аутизмот.

https://www.facebook.com/events/1486067184863078/

-Тема на настанот - Велигденска детска работилница

Цена - 100 денари www.kupikartizase.com
Релизатори - Мали Креативци
Место- Ресторан Амбрела
Време 18.30 -20.30 часот.
Дата - 19.04.2019

18.30-19.10 - Изработка на велигденски зајчиња и пилиња
19.10-19.40 - Групни игри
19.40-20.30 - ИЗработка на велигденски ќесички

Обезбедени се материјали за секое дете. Секое дете може да изработи две велигденски изработки кои потоа си ги зема за себе.

https://www.facebook.com/events/414666822647855/

-Креативна и интерактивна работилница на тема Другарство – пишување и цртање ќе се одржи на 20.04 во 12 часот во Амбрела, со младата авторка за детска литература, Билјана С. Црвенковска.

Да покажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција.
Ве чекаме на многу забава низ креативно – ликовно изразување.
Резервирајте го местото на вашето дете на 072 800 800
препорачлива возраст: 5+ години;
големина на група: до 30

https://www.facebook.com/events/417989558757543/

-На 20-ти април во 18 часот во Амбрела ќе се одржи забава за најмладите под наслов „Не лути се човече", на којa како аниматор ќе се претстави познатиот водител на детски емисии - Ивце Пивце.
АКО НЕ СТЕ СО НАС - НЕ СТЕ СО СИТЕ!

Настанот, како што кажува и самиот наслов, ќе биде посветен на младите, играта и смеата... Ќе докажеме дека попреченоста е само прашање на перцепција дека ГОРЕ ДОЛУ сите сме еднакви.
Ова е уште еден од едукативните настани на Ресторан Амбрела чија мисија е преку општестевна одговорност на нашите познати лица, но и преку приказната, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за вредностите во животот надвор од училишните клупи.
Бројот на учесници во играта е ограничен.
Резервирајте го своето место на 072 800 800

https://www.facebook.com/events/641439306306398/

-На 25.04.2019 - четврток, на само 3 дена пред Велигден, нашиот познат актер и стенд ап комичар Sasho Tasevski непосредно по маестралната претстава "Северно од Македонија" ќе настапи во ресторан Амбрела со своето ново стенд-ап шоу.

"Да се скршиме од смеење додека не сме ги искршиле јајцата"
Што би рекол Тасевски – Да не беше смешно, немаше да го играм!
Картите по цена од само 150 денари може да ги купите на www.kupikartizase.com, или директно на каса во ресторан Амбрела секој ден од 09:00 - 22:00
Смеењето е единствената бесплатна работа која го продолжува животот.
Дојдете да се искршиме од смеење, додека не сме ги скршиле јајцата.
Информации и резервации на телефон : 072 800 800
www.umbrella.mk

https://www.facebook.com/events/2119843248070815/

 

Објавено:
16 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
140 пати