Овој викенд, на 24 и 25 февруари во изложбениот салон на BMW и MINI, М-Кар Македонија ќе се одржи првиот саем за мажи, „the Gentlemen's Expo".
Главен организатор на овој дводневен настан е агенцијата Боттега Евенти. Во фокусот на настанот ќе бидат мажите и нивниот начин на живот со креирање на нови искуства за посетителите преку интерактивно претставување на машките брендови. Првиот Gentlemen's Expo му се обраќа на денешниот современ маж и одговара на потребите на неговото модерно живеење и воедно му дава мотив #бидиподобар.
Почитувани љубители на префинетиот модерен вкус, на урбаниот стил и безвременска елеганција, со големо задоволство Ви најавуваме дека на Скопје ќе му се случи еден несекојдневен настан, нешто што му недостасуваше на главниот град.
Она што го издвојува од останатите саеми е тоа дека the Gentlemen's Expo'18 е многу повеќе од обичен саем на потрошувачи, саем кој има за цел да ги издвои и презентира на едно место најновите трендови од машкиот свет. Саемот е отворен за сите посетители од 10 до 18 часот на 24 и 25 февруари 2018 г. и претставува идеално место каде мажите ќе се поврзат со брендовите кои ги прават посебни и успешни.
Посетителите на првиот „the Gentlemen's Expo" ќе имаат можност да бидат дел од интересните атракции и ќе доживеат незаборавни, забавни и интерактивни искуства кои ќе ги понудат изложувачите.
На саемот ќе бидат пристуни ексклузивни изложувачи и презентирани брендови од повеќе области кои ги интересираат мажите: премиум возила, уникатни моторцикли, стил на облекување, аксесоари, моден дизајн, очила и часовници, луксузен ентериер, стајлинг на брада и мустаќи, часови по мечување и врзување на вратоврска, дегустација на врвни пијалоци кои се преферирани од мажите, демонстрација на пури, tech гаџети, женски корнер, музика и забава, презентирања и лични приказни од успешни мажи, предавања за машкото здравје, модни совети од професионалци, предавања за џентлменство и како да се оствари правилен деловен и општествен бон тон, готвење за мажи и уште многу други атракции.
Изложувачи на првиот саем на џентлмени ќе бидат: BMW MINI, Божиновски часовници, Dioptra Couture, Smart Living, Signori, Chivas Regal, Бовин винарија, Maya вода, Farel, Garmin, Duna компјутери, Тимст камини, Acibadem Sistina, Мотоцентар, Valdrin Sahiti, Пикс Плус, Attibassi кафе, American Crew, Berber Shop Popeye. Саемот ќе го поддржат Мечувалечка федерација на Македонија, како спорт во фокус на ова издание на tGE, движењето Distinguished Gentlemen's Ride Скопје, Академија за протокол на Македонија.
Зошто Ви препорачуваме да го посетите првиот #tGE '18?
Нашите џентлмени ќе го посетат #tGE '18 за да ги идеализираат и персонализираат „добрите работи" кои ги прават вистински мажи и ќе откријат нови интересни начини како да станат подобра верзија на самите себе.
На саемот ќе имате можност да доживеете нови интерактивни искуства, наспроти конвенционални изложбени штандови. Изложувачите ќе ви ја раскажат историјата и приказната која стои позади производот, процесот на неговото создавање и ќе ви демонстрираат како истиот да го употребувате со цел да го збогатите вашето секојдневие. Целна група се мажите +20, но се подразбира дека поканата е отворена и за дамите. Саемот tGE '18 е од отворен карактер, а влезот ќе биде бесплатен.
Следете не на fb: www.fb.com/theGentlemensExpo
www.gentlemensexpo.mk
Instagram: gentlemens_expo #биди подобар