„Пријатели“ се враќаат на екраните на 27 мај!

14 мај 2021

Конечно - долгоочекуваната специјална епизода на „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај на „HBO Max“.

Оттаму го споделија и првиот официјален трејлер, кој истовремено израдува милиони обожаватели, но и малку ги разочара, бидејќи не откри многу.

„Friends: The Reunion“ ќе биде прикажана на годишнината од лансирањето на HBO Max и точно година дена подоцна од првично закажаната дата.

Снимањето се одложуваше повеќе пати поради пандемијата, па така наместо во февруари 2020, снимањето започна во април 2021 година.

Обожавателите со нетрпение очекуваат да ги видат повторно заедно шесте пријатели.

Извори блиски до проектот изјавија уште лани, а пренесе „Варајати“  дека секоја од ѕвездите за специјалната епизода добила најмалку 2.5 милиони долари,

Покрај пријателите, ќе се појават и многу други познати ѕвезди меѓу кои - Дејвид Бекам, Џастин Бибер, Џејмс Корден, Синди Крафорд, Лејди Гага, Кара Делевиц, Рис Витерспун и други.

Специјалната епизода е во режија на Бен Винстон, кој исто и ја продуцираше заедно со извршните продуценти на „Friends“, Кевин Бриџтон, Марта Кауфман и Дејвид Крејн.

 

Објавено:
14 мај 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
242 пати
Тагови: 
пријатели