Пријавете се за работилницата на Паратисима за продукција на музички видео спот

3 мај 2017

Во рамките на годинешнава програма на интернационалниот Саем за уметност, Паратисима, ќе биде реазлизирана работилница односно курс за продукција на музички видео спот кој ќе се промовира на музичкиот фестивал Здраво млади на 10. Јуни во МКЦ.

За таа цел организаторите објавија јавен конкурс за сите заинтересирани, со фoкус на студентите од уметности и дизајн.

Работилницата ќе трае три дена, од 5. до 7. Jуни.

Организаторите го потенцираат следниов распоред:
-Селекција на најдобрите портфолија и формирање на група од 8 до 10 учесници.
-Избор на песна од локален артист или група.
-Пишување на сценарио.
-Пред-продукција.
-Снимање.
-Промоција на видео спотот на музичкиот фестивал Здраво Млади во МКЦ на 10 јуни.

Идејата е инволвирање на млади луѓе и нови таленти во процесот на создавање на уметност од ваква форма. Работилницата има за цел, преку концептуален приод и креативна работа да пренесе искуство и знаење, како и да ги соочи учесниците со сите сегменти на визуелната креација – пишување на сценарио, разработка и план на снимање, арт дирекција, камера и фотографија, сценографија, костим.

Работилницата ќе ја води Бојан Кртолица (Studio BAIKA) во соработка со Ѓорѓи Клинчаров, и ќе биде пилот проект кој на еден нов начин на пренесување знаење, кој од следната година ќе го предава на школото за дизајн и инженерство – ELISAVA, од Барселона.

Повеќе може да се информирате на овој линк.

Објавено:
3 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
82 пати