Проект за нови начини на модна комуникација

22 мај 2015

На почетокот на месецов, поточно од 4 до 6 мај во Музејот на Македонија се одржа работилница за модни изложби насловена како „Модата како уметност“, а која е прва од планираните активност што ќе се реализираат во рамки на проектот „Модата и културното наследство“.

Проектот се спроведува во организација на Британски совет Македонија во партнерство со Музејот на Македонија и Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – РМ. Целта е да се примени богатото културно наследство од музејските колекциите со облека, текстил и накит во работата на современите дизајнери, а воедно да се изнајдат и нови уметнички начини на модна презентација.

Презентации и дискусии во Музејот на Македонија. Фото: Даниела Коцевска Презентации и дискусии во Музејот на Македонија. Фото: Даниела Коцевска

- Современата модна презентација подразбира нагласена интердисциплинарност и мултимедијалност во пристапот. Сè почесто, освен традиционалните ревии и модни едиторијали, во модата се користат перформансите, инсталациите, видеото и други медиуми. За таа цел, студентите по моден дизајн ги споивме со студентите по ентериер и графички дизајн, кои интензивно работеа со кустосите во инспиративниот простор на Музејот на Македонија. Се надеваме дека нивната соработка, со помош на професорите од Факултетот како ментори, ќе се материјализира во изложба што за неколку месеци ќе може да и' се презентира на јавноста – вели проф. м-р Гордана Вренцоска од Факултетот за арт и дизајн.

Работна атмосфера. Фото: Гордана Вренцоска Работна атмосфера. Фото: Гордана Вренцоска

Работилницата ја раководеше проф. Сузан Постлвејт од реномираниот Лондонски колеџ за мода, при Универзитет на уметности Лондон. Свои искуства од проектното менаџирање во модата на студентите и музејските кустоси пренесе и Кендал Робинс, програмски раководител за мода од Британски совет во Лондон. За потсетување, Кендал Робинс беше гостинка на Модниот викенд Скопје во октомври 2014, кога и ја презентираше Меѓународната модна изложба која секоја година ја организира Британски совет и Британскиот моден совет за време на Лондонската модна недела.

Презентации и дискусии во Музејот на Македонија. Фото: Даниела Коцевска Презентации и дискусии во Музејот на Македонија. Фото: Даниела Коцевска

Презентации и дискусии во Музејот на Македонија. Фото: Даниела Коцевска Презентации и дискусии во Музејот на Македонија. Фото: Даниела Коцевска

проф. Сузан Постлвејт. Фото: Даниела Коцевска проф. Сузан Постлвејт. Фото: Даниела Коцевска

Учесниците во работилницата. Фото: Даниела Коцевска Учесниците во работилницата. Фото: Даниела Коцевска

Дел од работните прототипови. Фото: Даниела Коцевска Дел од работните прототипови. Фото: Даниела Коцевска

Објавено:
22 мај 2015
Категорија: 
Култура