Промоција на книгата "Додека спиеш" од Биљана Стојановска

23 мај 2024

Во понеделник, на 27-ми мај, со почеток во 20 часот, во кафе-книжарницата "Буква" ќе се одржи промоција на книгата "Додека спиеш" од македонската поетеса Биљана Стојановска.  

Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на "Чудна шума".

Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, а стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка - Џикова, Долорес Атанасова - Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа "ВИС Тркалезна маса" каде што членови се Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски и Деан Шкартов.

Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш", чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.

Објавено:
23 мај 2024
Категорија: 
Култура