Покрај тоа што посетителите ќе имаат можност да го украсат телото со нова тетоважа, тату мајсторите ќе споделуваат искуства, а планирани се и забави, бурлеска шоуа, изложби и натпревар за избор на најдобрата тетоважа. Со организирање на овој настан, Белград се зацврстува на мапата на светски метрополи кои ја промовираат тату културата, техниката на тетовирање и знаење, а по тој повод на оваа конвенција учество ќе земат како домашни и регионални, така и светски тату мајстори од Европа, па се до Јапонија и Америка.
Секој посетител кој ќе има наполнето 18 години ќе има можност да биде истетовиран во текот на траење на конвенцијата, а две недели пред започнувањето на настанот, ќе биде организирана изложба на која ќе бидат прикажани слики со истетовирани индивидуи, направени од белгискиот фотограф Benoit Meus. За затварањето на тату конвенцијата на 5-ти октомври, ќе биде организирана after party на која ќе настапуваат диџеј Дексон од Амстердам, Плацид од Лондон и Transistor Behavior од Ротердам.