Неодамна беше објавено дека можеби Лејди Гага ќе го толкува ликот на Донатела Версаче во новата сезона на „American Crime Story“, но последните фотографии од снимањето потврдија дека тоа дефинитивно не е точно.

Прекрасната шпанска актерка Пенелопе Круз е онаа на која и беше доделена задачата да ја прикаже светски познатата модна дизајнерка во продолжението на циклусот серии во кој овој пат ќе биде прикажан случајот за смртта на нејзиниот брат Џани Версаче.

Првите фотографии од актерката на снимањето во Мајами покажуваат дека продукциската куќа дефинитивно не погрешила во изборот, бидејќи таа неверојатно потсетува на дизајнерката.

Досега можевме да ја видиме во неколку комбинации сосема својствени за дизајнерката, меѓу кои и тесниот црвен фустан, легендарната кожена комбинација и црниот стајлинг со кој се појави на погребот на нејзиниот брат.

Овој пат, циклусот серии „American Crime Story“ се базира на книгата на Маурин Орт од 1999 – та година, Vulgar Favors, а се очекува да почне со емитување некаде следната година.

По прикажувањето на серијата за „The People v. O. J. Simpson“ која наиде на голема популарност како и серијалот за ураганот Катрина, овој пат ќе имаме можност да погледнеме дел од животот на познатиот креатор, како и моментите кога тој умира. 

Пријателите на семејството раскажуваат дека Донатела и Џани биле исклучително блиски и обожавале да работат заедно, што е и прикажано во серијата. 

По смртта на нејзиниот брат, таа застана на чело на модната империја која и денеска важи за една од најуспешните. 

Покрај Пенелопе Круз, во филмот се појавуваат и актерот Едгар Рамирез кој го глуми Џани Версаче, како и шармантниот Рики Мартин кој ја толкува улогата на животниот партнер на дизајнерот, Антонио Д’Амико.

Објавено:
25 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.709 пати