„Прво па женско #3“ викендов во МКЦ

4 март 2015

Со идеја да се подигне свесноста за правата на жените, а по повод 8-ми март, овој викенд (од 6. до 8. Март) во Младинскиот културен центар по трет пат се случува мултимедијалниот фестивал „Прво па женско“ во организација на Tiiit! Inc.

Во рамките на фестивалот се планирани голем број активности, изложби, проекции, работилници, предавања, музички сетови, како и базарот на ракотворби, на кој исто како и на претходните изданија своите рачни изработки ќе ги изложат дваесетина македонски млади креативци, па ова воедно ќе биде одлична можност да ги изненадите со уникатен подарок жените во вашиот живот.

Како учесници на базарот на ракотворби се најавени: ATAMI, Em Ellephantski, Isnogood, BlackFox, Глигор Кузмановски, WizArt, LUDUS, Плетени колачиња, Just Because, M’Crafts, Windmillshop, Mei Ro, Илина Поповска, Damaja, Soro Jewelry, Ѓорѓе Јовановиќ, UrbanBehavior, Наде Димушевска.

Базар на ракотворби од второто издание на „прво па женско“ Базар на ракотворби од второто издание на „прво па женско“

Уште еден интересен новитет со кој се надополнува основната идеја на манифестацијата: да се скршат стереотипите со кои секојдневно се соочуваме, е организација на првата женска скејт работлница во соработка со С.А.М-Скејтборд Асоцијација на Македонија.

„ На „прво па женско“ 103ка претставува некои од своите диџејки, но и други девојки кои во последно време сериозно ги поматуваат скопските подиуми“, најавуваат организаторите.

Базар на ракотворби од второто издание на „Прво па женско“ Базар на ракотворби од второто издание на „Прво па женско“

Работилницата за шиење и сито печат исто така ќе биде атрактивен настан, особено за креативците кои се постојано отворени за нови искуства.

„ Со своите вешти раце, девојките од Кула ќе ве учат да шиете, а потоа да си ја испринтате вашата шивка на сито печат. Донесете ја својата омилена маица и вашата креативност.... Ве чекаме во галеријата на МКЦ“, ве покануваат организаторите.

Целата програма на настанот може да ја погледнете на овој линк.

Објавено:
4 март 2015
Категорија: 
Култура