Радио Бубамара: Збогување со Аки Рахимовски денеска на Градскиот плоштад

26 јануари 2022

„Скопје денес ќе го испрати својот сограѓанин и пријател, легендардниот фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски“, соопштија од Радио Бубамара.

Како велат, поради епидемиолошките ограничувања, испраќањето на Аки се организира на Градскиот плоштад, кај тревникот пред „Пелистер“, каде ќе биде отворена книга на жалост и ќе се слушаат неговите песни.

извор: radiobubamara.mk

Сите пријатели, обожавателите на неговата музика и почитувачите на неговата работа ќе можат од 13 часот да се запишат во книгата на жалост, да положат цвеќе или да запалат свеќа во чест музичарот.

Главното собирање е планирано од 18 до 19,30 кога хорови, пејачи и пријатели заеднички, за збогување, ќе отпејат некои од најголемите хитови на „Парни ваљак".

„Последното збогување со Аки Рахимовски го организира Радио бубамара со поддршка КЛС Саунд и Град Скопје. На Градскиот плоштад ќе ја слушнеме и песната „Ако згрешам, нека изгорам" на Пепи Бафтировски, која Аки во клавирска придружба ја сними пред пет години во студиото на „Тавитјан брадерс". Тоа е неговата последна снимка кај нас. Неделава, оваа песна се емитува како хит на Бубамара радио“, дополнително велат од „Бубамара“.

 

Објавено:
26 јануари 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
138 пати