Ријана во улога на познатата Marion Crane од Psycho

23 јули 2016

Викендов се одржа традиционалната Comic – Con конвенција во Сан Диего каде се собраа некои од најпознатите имиња од филмската индустрија.

Меѓу другите, дел од истата беа и продуцентите на серијата „Bates Motel“ базирана на култниот Psycho на Алфред Хичкок, кои потврдија дека петтата сезона од истата, сепак ќе се снима.

За да биде изненадувањето уште поголемо, на конвенцијата тие соопштија дека улогата на познатата Marion Crane во продолжението на серијата ќе ѝ припадне на Ријана која е една од најголемите обожаватели на серијата.

Marion Crane беше еден од најпознатите ликови во култниот филм која тогаш ја толкуваше Џенет Леј која заврши неверојатна работа. За потсетување, во филмот таа се пријавува во мотелот Bates, но никогаш не излегува од него откако Норман, облечен како неговата мајка Норма, ќе ја избоде под тушот.

„Сакавме да ја доделиме оваа улога на некој возбудлив кој ќе ја интерпретира на сосема поинаков начин. Дознавме дека Ријана е голем обожавател на шоуто, а и ние сме нејзини големи фанови, па тоа некако беше совршен спој“, изјавија продуцентите на серијата.

Пејачката ја објави веста преку кратко видео од мотелот Bates, кое го постави на социјалните мрежи на кое се гледа дека таа е навистина возбудена за улогата.

Во продолжение погледнете го видеото, а продолжението на серијата ќе го гледаме во 2017 година.

Објавено:
23 јули 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
204 пати