Рок ѕвездата за која фамилијата е секогаш на прво место - Џон Бон Џови

2 март 2023

Најчесто рок ѕвездите ги следи репутација дека водат бурен и бунтовнички живот и дека пркосат на сè што е конвенционално.

Сепак една голема рок ѕвезда, една легенда, не се вклопува во ова популарно мислење.

Џон Бон Џови е пред сè посветен татко и сопруг, и води мирен семеен живот уште откако се ожени за својата љубов од тинејџерските години.

Својата рокенрол бунтовност Џон ја резервира исклучиво за на сцена додека настапува. Има еден интересен факт за него, а тоа е дека морал да крие дека е оженет.

Ова му го предложиле неговите агенти, како не би била разочарана женската публика.

Џон е роден на денешен ден пред 61 година во Њу Џерси. Тој е американски пејач, член на популарен рок бенд, актер и музички продуцент.

Најмногу е познат како фронтмен на Џон Бон Џови, популарниот рок бенд, кој што беше созададен точно пред 40 години.

Во 1989 стапува во брак со Доротеа Харли, неговата девојка од средно. Парот заедно има четири деца: Стефани, 29, Џеси 28, Џејк, 20 и Ромео 18.

Џон од секогаш се трудел да им покаже на децата колку е важна работата и трудот и со тоа да им даде пример во животот.

Го поздравуваме за тоа и му честитаме 61-ви роденден.

Фото: Pinterest

Објавено:
2 март 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
157 пати