•
3 октомври 2014
Штотуку завршениот „моден караван“ низ четирите модни метрополи, беше уште една потврда дека приказната за дизајнерските колекции е секогаш комплетна единствено со соодветна сценографија која ќе ја раскаже идејата на дизајнерот.
Во Њујорк, Лондон, Милано и Париз модните писти не ретко се трансформираат во сцени од некој друг фиктивен свет или секвенца од некое минато или идно време.
Оваа сезона актуелни беа еко-темите, па така добар дел од сценографските замисли не' вратија во совршениот мир на шумата, но имаше и такви кои буквално ни ја „ставија“ пред очи реалната слика од хаосот во урбаното секојдневие.
Силни визуелни приказни испратија исто толку силни креаторски пораки, а еве го нашиот избор од оние кои беа највпечатливи.
Објавено:
3 октомври 2014Категорија:
Култура