„Скопска животна приказна“ – промовирана книгата на Сашка и Кире Петрушевски

10 декември 2022

Со многу топла нарација која ве води низ една скопска шармантна животна приказна, е раскажана љубовта на Сашка и Кире Петрушевски, родителите на нашата позната актерка Весна Бејби, во книгата „Скопска животна приказна" која беше промовирана завчера пред  домашната читателска публика.

„Книгата зборува за една незаборавна повеќедецениска скопска љубов. Приказните на Кире и Сашка се сведоштво за љубовта, почитта и скопскиот шарм на нивната генерација. Огромно задоволство е кога имаме можност да промовираме македонски автори. Задоволството е уште поголемо кога станува збор за една убава животна приказна, напишана толку искрено што личи на расказ кој им го кажуваме на нашите деца, внуци", велат издавачите на книгата.

На промоцијата беа присутни бројни пријатели на семејството Петрушевски, како и почитувачи на културата и уметноста, а церемонијал мајстор беше Игор Џамбазов во придружба на Весна Бејби, кои на најавтентичен начин ја пренесоа емоцијата кој преовладува во книгата, инаку полна со фотографии од значајни и убави моменти на скопскиот пар заедно со нивното семејство, пријатели и соработници.

„Тоа што остава впечаток во овој колоритен мозаик од динамичен, интересен и на моменти возбудлив живот, е заклучокот дека главната причина да го сторат ова (Сашка и Кире да го прерскажат својот живот), не е заради тоа што својата приказна ја сметале за посебна, демек, поспецифична од другите животни приказни, од вашата на пример, па затоа решиле да ја раскажат. Не, напротив. Многумина ќе се препознаат заради сличностите во периодите кои секој на свој начин ги живеел, доживувал и преживувал... На десетина страници Кире оставил белешки за тоа што се случувало во неговото детство, младост, за неговите родители, за Сашка и нивната љубов. Во тие страници, напишани со убав ракопис, се чувствуваат насмевки, треперења во градите, воздишки и по некоја солза. И за минатото и за сегашноста..." се вели во поговорот.

Во албумот со спомени и фотографија со Елена Лука, за која Сашка Петрушевкса посветува посебен дел и благодарност во книгата.


Објавено:
10 декември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
129 пати