Следи ги инструкциите на знаците - уметници од Тетово реализираа акција со апел да се редуцираат гужвите

17 април 2020

Најбезбедно во вонреднава ситуација е да останеме дома. Но, кога едноставно некои луѓе имаат нужна потреба да излезат со различна причина,  во таков случај најзначајно е да се следат препораките на медицинските лица и здравствените власти, што меѓу другото подразбира и физичка дистанца.

Поради новите временски ограничувања на движењето, во полошкиот регион евидентни се поголеми гужви, особено пред банките, што може да претставува потенцијална опасност од ширење на заразата. Потткнати од ова, група уметници и активисти од Тетово реализраа уметничка акција „Заштити се и заштити ги и другите", со цел да апелираат како нивните сограѓани може да ги намалат шансите од ширење на вирусот.

Групата активисти оттаму посочуваат дека во соработка со банките бараат решенија за да се надминат проблемите од деновиве, кога редици граѓани чекаа исплатата на пензии и социјална помош. Табли со пораките "Носи медицинска маска!", "Мијте ги рацете!", "Држете дистанца од 2 метри!" се поставени пред банките во Тетово се со цел луѓето  да одржуваат лична хигиена, да стават маски и да држаат социјална дистанца.

Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори.

Објавено:
17 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
343 пати