Со изложба посветена на кариерата на Влатко Стефановски се отвори 5-от Скопје Синема Сити

3 септември 2019

Вчеравечер во Музеј на град Скопје, со изложба насловена „Патешествие", а посветена на кариерата на нашиот виртуоз Влатко Стефановски, се отвори 5-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити.

Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски, а се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со ,,Леб и сол", па до ден-денес, преку бројните солистички концерти и проекти.

Вечерва во 20 часот во Кинотека на Македонија, започнуваат проекциите со музичкиот документарен филм посветен на Кит Ричардс насловен „Под влијание". Се работи за филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат „срцето и душата на "Ролинг стоунси". Веднаш по филмот, свој настап ќе има Влатко Стефановски.

Фествалот е во организација на здружението Номад-Арт од Скопје, а ќе трае до 7. септември. За програмата може да се информрате на овој линк.

 

Објавено:
3 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
216 пати