Етнички африкански влијанија, чиста современа графика и винтиџ француска елеганција, се епитетите што ја красат најновата колекција за домашен ентериер на домот потпишана од шведскиот моден бренд H&M. Овој еклектичен микс на инспирација создава навистина шик визија на стилски парчиња, кои што совршено ќе се вклопат во вашето домашно уредување.
За да биде еден ентериер впечатлив, компанијата секогаш нуди одлични решенија во разновидни бои, форми и облици, плејада на дезени и принтови, со цел да се задоволат вкусовите на сите клиенти и неверојатно креативни и атрактивни детали, во пастелни, нежни и свежи нијанси. За жал брендот сè уште нема своја продавница кај нас, но сепак нивната понуда можете да ја купите и онлајн.
Колекцијата внатрешно уредување на домот на H&M за сезоната пролет-лето 2014 година нуди огромна палета на производи, изработени од високо квалитетен текстил, импресивни дезени, геометриски шари, флорални и етно мотиви. Креативниот тим даваат сеопфатна идеја за секоја просторија во домот, создавајќи неповторлив изглед на кој што нема да останете рамнодушни.