Среќен 10-ти роденден „Прима Данца“

21 декември 2015

Центарот за модерни и спортски танци, „Прима Данца" го прослави својот 10 годишен јубилеј.
Благодарение на овој центар, танцовата култура стана наше секојдневие, а танцот еден од најзабавните начини на релаксација.

Различните танцови програми, врвните инструктори и одличните услови што ги нудат двете сали, придонесоа за популарноста на центарот кој веќе 10 години успешно функционира во својата бранша.

„Во текот на сиве овие 10 години се потрудивме да ја промениме танцовата култура во Македонија, создавајќи танцова заедница каде танцот е поблиску до сите негови љубители, танцот станува секојдневна активност, размрдување, релаксација и опуштање. Особена гордост и чест ни е да го споменеме и зачетокот во нов делокруг, во делот на драмската уметност кај нас, со претставата „НЕВЕРСТВО" во режија на Влатко Павлески, а во продукција на Прима Данца, која започна со свои прикажувања изминатиот месец. Со ова се оствари уште еден долго сонуван сон, а тоа е да Прима Данца се изгидне на ниво на носител на културната уметност кај нас", велат од „Прима Данца".

Танцовиот центар е познат и по организацијата на Државните првенства во стандардни и латиноамерикански танци и Меѓународниот натпревар за модерни танци Македонија Опен. Носител е на танц програма на повеќе значајни проекти, меѓу кои Виенскиот бал во Скопје, „Танц со ѕвездите" и Чоколадна аукција. Нашите танцови двојки и екипи учествуваат во бројни ТВ програми, новогодишни и празнични емисии, музички фестивали и видео спотови (Детски Евросонг, М2 – Потрага по ѕвезда, Макфест, спотови и концерти на „Тумбао Салса Бенд").

 

Прима Данца го прошири својот делокруг на активности во повеќе сегменти, почнувајќи од најмалите деца кои се нашата најголема гордост, со танцови активности низ градинките, па се до нивни учества на многубројни домашни и меѓународни натпревари, како и во поново организацијата на тим-билдинг активности и афтер-ворк забави во Прима Данца.

Објавено:
21 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
368 пати