Станот кој ги спојува ретрото со модернизамот
•
23 мај 2014
Соработката на младите креативци беше ставена пред нов предизвик – уредување на стан во Санк Петерсбург, кој го уредија во скандинавски стил, со преовладување на отворен простор во дневната соба и кујната.
Покрај модернистичкиот дизајн, интересно е решението за одвојување на канцеларијата од остатокот од станот, а низ целиот простор има детали од 50-тите и 60-тите години. Неутралните нијанси дополнително влијаат за топлина во домот, а доминираат и тапетите и сликите во впечатливи бои. Шармантните детали се балансираат со едноставноста во уредување на просторот, што дополнително допринесува овој стан да биде идеално место за живеење.