“Тајм“: Ангела Меркел е личност на годината

10 декември 2015

„Тајм“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината. Главната уредничка на магазинот Ненси Гибс, откри дека Ангела е вистинската личност на која треба да ѝ припадне оваа титула.

-Таа е жената што управува со должничката криза во Европа и која ги отвори границите на својата држава за стотици илјади бегалци. Меркел бараше од својата земја повеќе отколку што поголемиот број од политичарите би се осмелиле, поради тоа што одлучно застана против тиранијата и за непоколебливото морално водство во светот. Гледајќи на бегалците како на луѓе кои треба да се спасат, а не како окупатори кои треба да се отстранат. Оваа жена го употреби милосрдието како оружје . Можете да се согласите со неа или не, но таа не го бира лесниот пат. Лидерите се тестираат само тогаш кога луѓето не сакаат да ги следат – вели Гибс.

-Покрај Ангела Меркел, во трката за личност на годината се најдоа и: Абу Бакр ал Багдади, лидерот на Исламската држава, Кејтлин Џенер, поранешен спортис и тв личност, Тревис Каланик, извршен директор на „Убер“, Владимир Путин, претседател на Русија, Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД.

Инаку, наградата на „Тајм“ за личност на годината се доделува на поединец или група која имала најголемо влијание во светот во текот на годината. Интересно е и тоа што, Меркел е првата жена која го доби ова признание откако магазинот го смени името. До 1999 година наградата гласеше „Маж на годината“.

Објавено:
10 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
125 пати