Тина Тарнер наполни 78 години полна со живот и и сјај во очите. Родена на 26 ноември 1939 во Нетбуш,Тенеси, денес живее мирно и повлечено во својата вила во Швајцарија. Во тек е подготовката на мјузиклот, едноставно наречен „Тина“ и од 2013 година наваму вели дека го има најдено својот мир и спокој.
Тина е жртва на злоставување од страна на поранешниот сопруг Ајк Тарнер со кого беше во брак од 1962 до 1978 година. Ќе ѝ треба многу долго време да ѝ станат јасни некои работи и да почне се сама од почеток, да работи на своите соништа да станат јаве.
Го запознава Ајк во еден ноќен клуб кога има 19 години и веднаш почнуваат да соработуваат, а првиот хит "River Deep, Mountain High" ќе ги донесе на топ листите. Нивните денови за време на турнеите не биле идеални ниту пак спокојни. Ајк започнал да ја малтретира Тина секојдневно и тоа со жестоки тупаници, клоци и многу често завршувала со крв и модринки.
Во 1976 година кога ќе го напушти ,Ајк ќе изјави :„Може сè да добие, само моето име - НЕ!“ Во 2007 година Ајк Тарнер ќе умре од прекумерна доза кокаин.
После разводот Тина ќе се ослободи од бесот кој многу долго го криела во себе и никогаш не ги заборавила деновите кога била во буквална смисла на зборот измачувана.Во 1985 година се запознава со музичкиот продуцент Ервин Бах со кого поминува 27 години во врска, а одлучуваат да се регистрираат во 2013 година.
Последниве неколку години работи на својот однос со синовите од бракот со Ајк, кои пак од друга страна биле долго време под влијание на својот татко.
Пред неколку години Тина изјави :„Педесетите се нови триесети, а седумдесетите се нови педесети. Нема правила дека годините ти диктираат како да се облечеш или како да се однесуваш. Престара сум да слушам како и што треба да направам. Сакам сега и тука“.
Кралицата на сцената, Тина Тарнер наполни 78 години и изгледа одлично. Вели дека јогата и медитирањето ја оддржуваат млада и здрава.