Тројца млади македонски дизајнери помеѓу најдобрите на конкурсот „Young Balkan Designers 2016“

5 мај 2016

Балканската дизајнерска мрежа ги објави резултатите од шестиот по ред конкурс „Young Balkan Designers 2016" што годинава беше под слоганот „New Analogue" (Ново аналогно).

На конкурсот биле пријавени 136 кандидати од 13 земји од регионот, што одговориле на зададената тема, истражувајќи ги начините на кои Балканот како општество може да ги афирмира сопствените културни вредности.

Во првиот селективен круг се одбрани 69 победнички проекти, помеѓу кои и уникатните дизајнерски идеи на трите млади македонски дизајнерки: Ема Николова ({trikoN}), Евгенија Зафировска (From Traditional to Modern) и Натали Ристовска (Lito).

Ема Николова ({trikoN})


Одбраните проекти ќе бидат претставени од 8. до 12. Јуни во Талент зоната на фестивалот Миксер во Белград.

Натали Ристовска (Lito)

Новина што оваа година организаторите ја воведуваат е тоа што им овозможуваат на дизајнерите да учествуваат и во втората фаза која подразбира развој на нивниот дизајнерски производ според реалните потреби на пазарот, односно водечките производители на мебел во регионот.

Евгенија Зафировска (From Traditional to Modern)

Комплетната листа на победници и нивните проекти може да ја погледнете на овој линк.

Балканската дизајнерска мрежа (Balkan Design Network) е иновативна платформа основана од Хрватското дизајнерско друштво од Загреб, Public Room од Скопје и организацијата Миксер од Белград, со цел да се обезбеди стратешка поддршка на развојот и промоцијата на балканските дизајнери, како во регионот така и на европската и на меѓународната сцена.

Објавено:
5 мај 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.597 пати