Уметност на тело – авангардна изложба на македонскиот уметник Бојан Ковски

14 декември 2021

„Метаморфоза" е насловена изложбата на младиот авандарден уметник Бојан Ковски која викендов беше поставена во Младинскиот културен центар во Скопје.

„На изложбата се претставени дела со боди-арт пo повод 5 години од почетокот на неговото творештво во оваа гранка од уметноста. Главната порака на оваа изложба е редефинирање на телото и претворање на човекот од својот лик во нешто што наликува на суштество од друга планета со боите што ги носат пеперутките. Метаморфоза е многу важен процес во психата на секој човек и секоја промена нѐ прави различни од минатото", се вели во најавата за изложбата.

Како модели во овој проект на уметникот се најдоа лица од различни професионални сфери, манекенки, уметници, фотографки, блогерки...

Импресивна изложба која вреди да се погледне.

Ќе биде отворена до 20 декември.

 

Објавено:
14 декември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
346 пати