Васил Гарванлиев ќе нè претставува на „Евросонг“
•
16 јануари 2020
Македонската радио телевизија го избра и вчера соопшти нашиот претставник на годинашното издание на „Евросонг“, кое ќе се одржи во Ротердам, а тоа е Васил Гарванлиев.
Пејачот ја сподели убавата вест преку социјалните мрежи, изразувајќи ја својата радост и благодарност:
По овој повод ве потсетуваме на разговорот што го имавме со Гарванлиев кој тогаш изјави: „Не нѝ треба причина да сме среќни, бараме причина да сме тажни“.
За потсетување, тој беше дел од минатогодишниот тим што ја претставуваше земјава, беше еден од придружните вокали со Тамара на сцената при изведбата на песната „Proud“. Македонската публика го запозна уште како дете, кога беше дел од фестивалот „Златно славејче“ и го отпеа сега веќе, детскиот евергрин, „Марионка“.