Вечерва гала оперски концерт во Националната опера и балет

19 февруари 2021

Со почеток од 20 часот, Националната опера и балет ќе биде домаќин на „Гала оперски концерт“, на кој ќе настапат Ристе Велков - баритон, Билјана Јосифов - сопран, Драган Ампов - баритон, Злата Тошевска - сопран, Ана Ројдева - сопран, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ а концерт мајстор е Верица Ламбевска.

За љубителите на оперската уметност,  во овие услови на пандемија, ќе се изведат арии од најголемите оперски класици, дела на Јохан Штраус, В. А. Моцарт, Џоакино Росини, Џузепе Верди, П.И.Чајковски, Жорж Бизе, Гаетано Доницети, Џaкомо Пучини и Франц Лехар од оперите „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Магбет“, „Евгениј Онегин“ и др.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

 Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број!

Објавено:
19 февруари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
395 пати