Денеска започнува овогодинешниот Фестивал на креативни индустрии, „Скопје Креатива 2016“. Под мотото „Поврзиме со креативност“, вечерва во 20:00 часот и официјално започнува долгоочекуваното раздвижување на културно-уметничкиот аспект во градот.
На отварањето на Фестивалот кратко излагање ќе има Министерот за Култура на РМ, Д-р Елизабета Канческа-Милевска, а веднаш по неа свое обраќање ќе има и Градоначалникот на Град Скопје, Г-н Коце Трајанов. Фестивалот ќе започне со изложбени презентации на гостите од Грција, Артистотел Универзитет, Солун, Изложба на гостите од Косово, потоа следува изложбата на нашите Факултети за Арт и дизајн при ЕУРМ, Архитектура и дизајн (УАКС) и Архтектонски факултет (УКИМ).
Првиот Фестивалски ден е резервиран и за проектот, Инфо млади и кретивни, во кој ќе се представат средношколци од неколку средни училишта од Скопје со пет различни проекти: мода, филм, кулинарика, ИТ апликации и макети. Поп-ап продавниците со 34 учесници ќе го заземат своето место вечерва, изложувајќи ги соите уникатни рачни израбтки од накит, филигран, украси за домот, модни додатоци и друго. Забавата за посетителите на првата фестивалска вечер ќе биде надополнета со концерти на групите ТИ (Србија) и Фулишгрин(Македонија). Тука е и филмската проекција Мизар на Факултетот за драмска уметност.
Фестивалот е во организација на Конгресен центар Александар Македонски, а подржан од Градот Скопје. Повеќе информации на следниов линк.
Влезот е бесплатен за сите посетители. Отварање – четврток, 9 јуни, 20:00ч Плаја Виста, Скопје.