Во март доаѓа продолжението на „Love Actually“

18 февруари 2017

Еден од најомилените филмови на многумина, Love Actually, ќе добие свое продолжение, после речиси 14 години.

Се работи за 10-минутен филм во кој ќе се појават поголемиот дел од оригиналниот кастинг. Кира Најтли, Колин Фирт и Хју Грант се дел од актерите што го потврдија појавувањето.

Без разлика што не се работи за остварување какво што посакуваме, сепак ќе биде интересно да се види што ликовите од првиот дел прават во 2017 година. На оригиналната постава ќе им се придружат и Лиам Нисон и Ендрју Линколн ( се сеќавате на дечкото што го држеше натписот „To me, you are perfect“.

Инаку, за краткометражното продолжение, сценариото и режијата повторно ќе бидат на Ричард Кртис.

Со оглед дека е во фаза на продукција, премиерата е закажана за 14-ти март на британскиот канал „Би-Би-Си“, како дел од кампањата на „Red Nose Day“ и телефонскиот маратон чија цел е собирање на средства за децата што живеат во сиромаштија.

Објавено:
18 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
121 пати